Пуштена во употреба он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk

Од денес е пуштена во употреба онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, известуваат од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека на платформата се достапни и сублимирани одговорите на најчесто поставуваните прашања во однос на вакцинацијата.

„Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи“, истакнуваат од МЗ.

Од МЗ надополнуваат дека денес, достапни се вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот, нагласувајќи дека сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата.