Пуштена во употреба Националната платформа за онлајн учење, од МОН повикуваат на соработка

Веб страницата на Национална платформа за онлајн учење од полноќ стана достапна за корисниците. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и содржини кои се наменети да ги упатат корисниците во користење на платформата.

„Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, ги повикуваме учениците и родителите, да ја посетат платформата викендов. Во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден ни е важен за успешно започнување на онлајн наставата“, нагласуваат од МОН.

Од Министерството за образование и наука ги повикуваат училиштата да ги достават корисничките лозинки на учениците, бидејќи за неколку дена е официјалниот старт на учебната година.

Оттаму апелираат локалните самоуправи и градоначалноците максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина.

И постар компјутер ќе заврши работа при користење на онлајн платформата за учење – предизвик ќе биде интернетот