Прв Средношколски пленум во Битола

Утре во 19:30 часот, во економското училиште на Битола ќе се одржи првиот Средношколски пленум на Битолските средношколци.

Според настанот кој се најавува на социјалните мрежи, целта на пленумот ќе биде да се развие дискусија помеѓу посетителите за проблемите во средното образование.

„Се покануваат сите средношколци, студенти и сите граѓани на Битола кои се заинтересирани за темата и директно или индиректно се сметаат себе си за засегната страна од овој проблем да присуствуваат на најавениот настан. Притоа пленумот е прилика за истите да ги искажат своите ставови и мислења и сите заедно да учествуваат во процесот на пронаоѓање заеднички решенија чија симболика го претставува незадоволството и гласот на сите средношколци во Македонија“, се вели во најавата за настанот.

Во неделата се одржа и првиот состанок на Средношколскиот пленум од Скопје, по кој средношколците излегоа со конкретни барања – укинување на математиката како задолжителен предмет на полагање на државна матура и менување на ефектот на резултатот од полагањето на екстерното тестирање врз крајната оценка на ученикот.