Протестирам денеска пред Собрание: Ќе ги посетиме за да ги потсетиме

„Денес, додека Собранието итно заседава, ќе ги посетиме за да ги потсетиме. Најмалку што можат е да свикаат седница. Сегa требa дa ги испoлнaт нaшите бaрaњa! Зaтоа, oдиме нa Сoбрaние дa пoвтoриме декa нa улицa сме се дoдекa не се испoлнaт нaшите бaрaњa“, порачаа од неформалното движење Протестирам кое стои зад протестите што повеќе од едене месец, секојдневно се одржуваат во Скопје и низ Македонија.

Протестот и за денеска е најавен во 18 часот, пред СЈО како зборно место, откако попладнево, по одлуката на Уставниот суд да ја отвори можноста за свикување на Собранието, собранискиот спикер Трајко Вељаноски свика итна седница во 16 часот.

Од Протестирам ги повикаа сите граѓани да се придружат на протестите и ги повторија своите барања за одложување на изборите од 5 јуни, оставка на Ѓорѓе Иванов и поништување на аболицијата, произнесување на Уставен за уставноста на СЈО и формирање специјално одделение на Кривичниот суд, надлежно за случаите од СЈО. Протестирам бара и задолжително вклучување на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата кој треба да се одвива на територијата на Македонија, како и формирање преодна влада што  докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.