Пронајдено 45-то тело во изгорениот автобус во Бугарија при дополнителен преглед

Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот кој изгоре на магистралниот пат „Струма“ во Бугарија. Станува збор за дете, потврди за „БНТ“, заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Оттука, бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа е 45, како што беше првично соопштено, додека 7 лица се спасени.

На прес-конференција вчера Сарафов изјави дека биле пронајдени 44 тела и наведе дека единствената опција е еден од патниците на списокот да се прекачил во друг автобус.

Дополнително, медиумите вчера јавија дека сите патници починале од задушување.