Промоција на зборник на „Поетри слем Македонија“ вечерва низ Скопје

Од пред Домот на културата „Кочо Рацин“ до чаршијата во Скопје, денеска ќе биде промовиран Зборникот на националниот слем од 2020 година на „Поетри слем Македонија“.

Организаторите ги покануваат граѓаните, на како што велат „најалтернативната промоција на книга“, а посочуваат дека публиката заедно со слемер(к)ите ќе се движи од домот на културата до чаршијата, каде на неколку попатни локации слемер(к)ите ќе застануваат да изведуваат.

Настанот се организира во покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“.