Промоција на книгата „Старите кина“ од Илинденка Петрушева во МКЦ

Младинскиот културен центар (МКЦ), заедно со фестивалот на креативен документарен филм #МакеДокс и издавачката куќа Слово, ја организираат промоцијата на книгата „Старите кина“ во која се обработува киноприкажувањето во Македонија во периодот од 1897 до 1954 година.

Авторка на книгата е Илинденка Петрушева, а промоцијата ќе се одржи во сабота, 17 декември, со почеток во 19 часот.

На промоцијата во МКЦ ќе муабетат Јасна Франговска, радиоводителка и поранешна новинарка, Борис Дамовски, режисер и авторката и филмолог Илинденка Петрушева.

Модератор на промоцијата е Русе Арсов, продуцент и уредник на драмска програма во МКЦ.

Во рамките на промоцијата, ќе се одржи и проекција на филмoт „Кино ‘Мортус“ (2021), во режија на Ивана Цветановска, а во продукција на МакеДокс филмска школа „ДокуНикулци“.