Промоција на збирката „Низ огнови“ и изложба на фотографии од Тања Кузманоска

Дебитантската стихозбирка од поетесата Тања Кузманоска, „Низ огнови“ ќе биде промовирана во петок (14 октомври) во големиот салон на Домот на Културата Кочо Рацин/Дом на градежници во Скопје.

Во склоп на промоцијата, во просториите на Домот на Култура Кочо Рацин ќе биде поставена и изложба на пејзажни фотографии од изложбата.

„Во поезијата на Кузманоска доминира емоционалното, а во фотографиите евидентна е восхитеноста од природата која се рефлектира преку широките хоризонти и отворените неба“, пишува во најавата за настанот.

Промотори ќе бидат Васил Тоциновски и Габриела Стојаноска-Станоеска, а стихови ќе чита авторката.

„Низ Огнови“ ја доби наградата за најдобра дебитантска стихозбирка за 2020 година на книжевната манифестација „Лесновски ѕвона“ од Кратово, а ова е второ, надополнето издание, објавено во 2022 година од страна на авторката.