Промоција на уметничката книга и отворањето на самостојната изложба „Пловидба“ (Flow) на уметницата Александра Ацеска ќе се случи утре, 26 јули, со почеток во 18 часот во Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонија.
„Во рамки на промоцијата на уметничката книга ‘Flow’, ќе се одржи разговор помеѓу Александра Ацеска, Филип Димкоски и Иван Ивановски, каде што заедно ќе нурнеме во длабочините на концептот ‘Flow’“, велат од Центарот за современи уметности.
Како што раскажува Ацеска, „Flow“ го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела, како и уметничка книга која се состои од неколку приказни инспирирани од искуството на уметницата во Кина и четири жени чии патишта се спојуваат и разидуваат, во периоди на промени, интроспекции и созревање. ‘Flow’ ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации — туку текови што ги учиме.
„’При преминувањето во друг свет, човек мора да научи да не носи оган, туку да се движи како вода’. Додека го одмотуваме овој свиток откриваме пет приказни на жени на кој животниот тек им се вкрстува во современа Кина. Водена од елементарното присуство на водата, книгата исцртува суптилен пат низ секојдневното, каде приватното излегува на виделина и остава сведоштво како клисура. Во ера често дефинирана со реториката на цивилизациски судир, ова дело се движи во поинаков ритам. Токму во овие лиминални простори ‘Flow’ нуди повеќе од наратив, почнува да гради мост.
Настанот е финансиски поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.