Промоција на стихозбирката „Сложувалка“ од Васил Ханџиски

Утре (четврток) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на дебитантската поетска збирка „Сложувалка“ од Васил Ханџиски.

„Поделена во пет делови, стихозбирката ‘Сложувалка’ е рефлексија на љубовта, домот и неговото напуштање, градовите и луѓето во нив, странствувањето и осаменоста, љубовта кон девојката, но и кон ракијата. Авторот ги поставува стандардните младешки прашања поврзани со овие теми, се осврнува на личните чувства, но и во неколку наврати упатува критика кон ова ‘општество што тоне во бездна’. Почнувајќи со алкохолот, минувајќи низ љубовта и домот, а завршува со себепромислување и опишување на другите, оваа збирка е своевидна панорама на она што значи младоста – јас во себе и сè околу мене“, пишува Андреј Медиќ Лазаревски кој е промотор на стихозбирката.

Промоцијата ќе започне во 20:30 часот, а пред тоа ќе има DJ сет на Емили.

Збирката е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“.