Промоција на стихозбирката „Куќа од хартија“ од Гордана Каракашевска

Стихозбирката „Куќа од хартија” од писателката Гордана Каракашевска, во издание на „ПНВ Публикации“ неодамна излезе од печат, а промоцијата на делото ќе се одржи на 12 мај, во Културно информативниот центар (КИЦ) во 19 часот.

Ова е втора збирка на Каракашевска. Промотор на стихозбриката ќе биде поетот Вања Таневски, а модераторка на промоцијата е писателката Јулијана Величковска. На промоцијата, стихови од делото ќе чита актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска.

„Зборот е сведок на судбината за судбината на цвеќињата, истите оние што ги плетеме во венецот на нашите коси, но и тие завршуваат на нашите гробни споменици над главите кога го напуштаме овој свет. А потем, зборот ја знае и ја трпи секој болка како да е негова, нашите најочајни мисли и најскриени насмевки“, вели за содржинара рецензентот Таневски.

Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш има објавено книга раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата и за некои други, ситни зрнца“ (2021), стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ (2021) и романот „Разголување во годината на козата“ (2021).

„Куќа од хартија“(2022) е нејзина четврта книга.