Промоција на стихозбирката „Црвенила од Драган Атанасов“ во понеделник

Во понеделник (26 јуни) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на стихозбирката „Црвенила“ на Драган Атанасов. Промоцијата ќе започне во 20 часот.

Станува збор за прва стихозбирка на Атанасов, сочинета од триесетина песни, поделени по два циклуси „Тишина“ и „Јарост“.

Како што се наведува во најавата, промотор на стихозбирката ќе биде Јулијана Величковска, а дека стиховите ќе ги чита Андреј Ал-ади.