Промоција на романот „Срна“ од Славица Дабевска Кировска

„Срна“ е новиот роман на писателката Славица Дабевска Кировска што ќе биде промовиран утре (15 декември) во салата на ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец“ во Тетово со почеток во 19:30 часот.

Како што пишува во најавата, се работи за продолжение на првиот роман на Дабевска, „Зелениот Капут“.

Утрешната промоција ќе ја водат претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Христо Петрески и писателот Гоце Ристовски.