Промоција на два броја од списанието „Филозофска трибина“ во КИЦ – Скопје

Денес во Културно информативниот центар Скопје, со почеток во 19:30 часот бидат промовирани последните излезените два броја од македонското филозофско списание „Филозофска трибина“ (31 & 32). Изданијата ќе ги промовира д-р Ристо Солунчев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во „Филозофска трибина 31“ има 10 авторски текстови на тема „Филозофската мисла во Македонија“, односно дел од излагањата од истоимениот симпозиум одржан во рамките на 19. одбележување на Светскиот ден на филозофијата (17-18 ноември 2022) и неколку дополнителни текстови. Односно, во бројот читателите можат да прочитаат статии од: Денко Скаловски, Мирко Ѓошевски, Иван Џепароски, Душица Ѓокиќ, Радомир Виденовиќ, Слободан Беличански, Бошко Караџов, Кица Колбе, Јасмина Поповска и Марија Тодоровска. Во изданието има и два авторски текстови независно од темата на бројот (Александар Симоновски и Пантелеј Михаилович Кондратјук), еден текст во рубриката Студентски форум (Никола Ристевски), како и еден во рубриката Средношколски форум (Марија Велинова).

Во „Филозофска трибина 32“ можат да се најдат 9 авторски текстови на различни релевантни философски теми од: Иван Џепароски, Марија Тодороска, Душица Ѓокиќ, Бошко Караџов, Игор Поп Трајков, Фросина Ѓоревска, Антонио Пановски, Христина Петковска и Јасна Котеска; потоа два преводи на текстови: еден од Филип-Жозеф Салазар, од страна на Владимир Ѓуровиќ и еден од Ајрис Мердок, од страна на Ведран Диздаревиќ; еден текст во рубриката Студентски форум (Андреј Лазаревски); еден во рубриката Средношколски форум (Ксенија Мано), три прикази на книги (од Ана Димишковска, Александар Стаматов и Боби Бадаревски), како и поширок осврт кон 12. Филозофски филмски фестивал.

Издавач на списанието е Филозофското друштво на Македонија, додека излегувањето на двата броја се поддржани од страна на Министерството за култура во 2022 година. Примероци од сите изданија на списанието можат да се најдат во книжарниците „Или Или“, „Култура“ и „Буква“ по цена од 150 ден. по примерок.