Прогласени најдобрите спортисти на Град Скопје за 2022 година

Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје денеска традиционално ги додели годишните награди за најдобри спортисти. Признанијата Спортист на годината на најдобрите за 2022 година ги врачија градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и Зоран Стојановиќ, претседател на Сојузот на спортови на Скопје.

За најуспешни 10 спортисти во младинска категорија – мажи и жени прогласени се:

Стефан Стојановиќ од карате клуб Макпетрол

Омер Мемеди од боречки клуб Лирија 2010

Нелсон Узеир од кик Бокс клуб Шампион

Витомир Трајковски од карате клуб Макпетрол

Калин Ивановски од тениски клуб Југ

Бесир Алили од боречки клуб Лирија 2010

Марија Петровска од карате клуб Макпетрол

Дарко Георгиевски од таеквондо клуб Бутел

Магдалена Станковска од триатлон клуб Триоги Ресјинг

Александра Симева од тениски клуб МТП

Истовремено, за најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија – мажи и жени се прогласени:

Дејан Георгиевски од таеквондо клуб Бутел

Бобан Илиоски од кик бокс клуб Шампион

Филип Додевски од таеквондо клуб Бутел

Петар Спасеновски од карате клуб Макпетрол

Викторија Варадинова од кик бокс клуб Шампион

Мери Акиевска од фитнес и аеробик клуб Магнус

Дарио Ивановски од маратон клуб Делта

Вероника Костовска од карате клуб Олимпик 2007

Адријана Поп Арсова од маратон клуб Делта

Ангела Мојсовска од карате клуб Макпетрол

Од Град Скопје соопштија дека за најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласен карате клубот Макпетрол, за најуспешен тренер Дејан Митровски од кик бокс клубот Шампион, најуспешен спортист – странец кој настапува за екипа од Скопје Сандеј Адетунџи од фудбалскиот клуб Шкупи АД Скопје.

Во категоријата на лица со инвалидност за најуспешен спортист е прогласен Андреј Стојановски од Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода за исклучителните резултати и постигнато три пати 4-то место во пливање на Летните олимписки игри.