Проектот „Waltz in Wires“ со ново издание на независниот издавач „Шарла“

Независниот музички издавач „Шарла“ го објави изданието број 70, во вид на деби ЕР на македонски јазик на проектот „Waltz in Wires“ – „Златни Мугри“ EP.

Од „Шарла“ објаснуваат дека „Waltz in Wires“ е соло/псевдобенд проект на охриѓанецот Санел Ајрулоски, помогнат на бас гитара од Јане Тодороски и Бранислав Настоски кој е задолжен за студиската продукција на материјалот.

„Златни мугри“ е нивно второ официјално издание, по албумот „Reminiscence“ кој излезе за „Шарла“ минатата година.

„И овде е јасна стилската ориентација на бендот во правец на пост-панк, њу вејв и електро-поп варијациите на рок музиката од 80те години на минатиот век. Во сите 4 нумери е препознатлив силниот авторски печат на Ајрулоски како композитор, но и креативните аранжмански решенија кои заедно со извонредната продукција му даваат светски призвук на ова издание. Дефинитивно, летно освежување на македонската независна музичка сцена’, соопштуваат од „Шарла“.

„Waltz in Wires“ – „Златни Мугри“ EP може да се преслуша и на одредено време бесплатно да се симне на линкот: https://sharla.bandcamp.com/album/zlatni-mugri-ep