Продаден муралот на Бенкси на гаражата во Велс

Делото „Season’s Greetings“ (Божиќни честитки) на уметникот и активист Бенкси, кое се појави на гаража во велшкиот град Пол Талбот, е продадено за сума со шест цифри, објави Гардијан.

Газдата на гаражата, Иан Луис, го продал графитот на Џон Бредлер, експерт за делата на Бенкси. Сепак, муралот на Бенкси ќе остане во Пол Талбот, барем во моментов.

Се проценува дека околу 20.000 ја посетиле гаражата откако муралот се појави пред Божиќ, па местото се претвори во изложбен простор, со поголемо обезбедување за уметничкото дело.

Купувачот Брендлер вели дека „Божиќни честитки“ ќе остане во Порт Талбот минимум две до три години, но ќе мора да биде преместено во центарот на градот. Тврди дека сопственикот на гаражата одбил повисоки понуди само за да го задржи муралот во градот.

Инаку, делото се појави изминатиов декември, блиску до индустриска зона. Своето ново дело Бенкси го објави и на Инстаграм, а прикажува дете кое со раширени раце и отворена уста се радува на снег.

Но, тоа е само од едната страна на ѕидот од гаражата. Другиот дел од графитот е запален оган со чад кој создава пепел, а детето всушност мисли дека е „снег“.