Ново дело на Бенкси со дете како се радува на „снегот“

Уметникот и активист Бенкси повторно остави свој претпознатлив белег, овој пат на ѕид од гаража во малиот град Порт Талбот во Велс.

Своето ново дело Бенкси го објави и на Инстаграм, а прикажува  дете кое со раширени раце и отворена уста се радува на снег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy) on

Но, тоа е само од едната страна на ѕидот од гаражата. Другиот дел од графитот е запален оган со чад кој создава пепел, а детето всушност мисли дека е „снег“.

Муралот на Бенкси симболично е направен во близина на индустриска зона.