Приведен 28-годишен гостиварец кој на социјалните мрежи упатувал закани кон владин функционер

Полицијата ноќеска приведе 28-годишен гостиварец на меѓународниот скопски аеродром поради кривична пријава бидејќи на социјалните мрежи упатувал закани со кои ја загрозил сигурноста на владин функционер.

Гостиварецот потоа е однесен во Полициската станица Гостивар, бидејќи за него имало издадено централен распис од гостиварската Надворешната канцеларија за криминалистички работи, по што ќе биде изведен пред судија.

„Ноќеска (10.07.2020) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ е приведен М.М.(28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар. На 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик. М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар“, стои во полицискиот билтен на МВР.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.