„Приказните зад музиката“ – 9. издание на „Скопје Синема Сити“

Под мотото  „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на С. Македонија, претстојниов викенд (17 и 18 јуни), ќе биде одржано 9. издание на Скопје Синема Сити, единствениот филмски фестивал во земјава посветен на музичките документарни филмови.

Фестивалот. кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.

Фестивалот ќе биде отворен во сабота (17 јуни) во 19 часот во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Имено, станува збор за избор од по 5 фотографии на 5 истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

По изложбата во 20 часот, следува проекцијата на види  „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната  „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.

May be a graphic of text that says 'nporpama/ Ûrom 17 JyHи/June 19:00 oTBopaHe Ha и3лoж6a Ha my3и4Kи фoTorpaфии „5x10" Music Photography Exhibition "5x10' 20:00 „aлeлyja: лeoHapA KoeH, naTewecTBиe, necHaTa" -Hallelujah: Leonard Cohen, AJourney, Song' kopie Cinem ity 18 JyHи/June 19:00 лe6 и coл: BKycoT Ha ycnexoT Leb Sol: Taste of Succcess 20:00 и3eAи ro TOA npawaHe: фpeHK 3—a°na co cBoи 36opoBи Eat That Question: Frank Zappa in his Own Words 我慧張 ymHo KAJTAHA POPU POP'

Следниот ден на 18 јуни ( недела) ќе следат филмот  за „Леб и сол“ насловен како  „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.

Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката,  годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.

Визуелното решение за 9. Издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.

Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура на Р С. Македонија и од Кинотека на С. Македонија.