Претставата „Вистинскиот запад“ денес и утре во МКЦ

Од Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) известуваат дека денес и утре (24-25.3.2022) во МКЦ ќе се одржат две изведби на претставата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, во режија на Борис Василески.

„Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува“, стои во најавата на претставата.

Во претставата играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев и Тања Кочовска.

Текст: Сем Шепард

Режија: Борис Василески

Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев

Костимографија: Симона Даноска

Извршен продуцент: Ава Хусеини

Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски

Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски

Дизајн на постер: Ана Јачева

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.