Премиерот на Исланд е главен лик во видеоигра инспирирана од „Панамските документи“

Премиерот на Исланд Сигмундур Гунлаугсон вчера поднесе оставка во пресрет на политичката криза поради офшор инвестициите на неговото семејство, кои беа откриени преку т.н. „Документи од Панама“.

Вмешаноста на Гунлаугсон во аферата предизвика силен револт во јавноста и се најде под силен притисок да си поднесе оставка, а со тоа и да се распишат нови избори. Во Рејкјавик веќе се одржа масовен протест од илјадници демонстранти кои фрлаа јајца и јогурт кон зградата на Парламентот.

Други, пак, добиле идеја од ситуацијата да направат видеоигра, во која главен лик е токму Гунлаугсон. Во играта, тој избегнува препреки кои го носат логото на адвокатската фирма во Панама „Мосак Фонеска“, која откри дека светски богаташи со децении се богателе и не плаќале данок.

Оној што сака за момент да биде во кожата на Гунлаугсон, и да се обиде да скрие данок, може да ја проба играта насловена „Happy Iseland“ на овој ЛИНК.