Премиерно издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи овој петок во Филхармонија

Премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“, ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот на сцената на Македонската филхармонија.

Како што информираат организаторите, на концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен кој заедно со „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

„Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар ‘Профундис’ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – ‘I Palpit’ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката!“, изјави маестра Дашиќ.

Концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. 

Повеќе детали за концертот може да најдете тука