Предавање на нобеловецот Дан Шехтман на Институтот за хемија при ПМФ

Од 22 до 29 мај во Македонија престојува професор Дaн Шехтман, добитник на Нобелова награда по хемија за квазикристали во 2011 година.

Предавањето е под наслов: „Technological Entrepreneurship – Key to World Prosperity and Peace“, а денеска од 10 часот тој ќе одржи предавање на Институтот за хемија при ПМФ.

Од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија велат дека ова е прв пат земјава да ја посети Нобеловец од областа на природните науки.

Предавањето во живо може да се следи и на следниов ЛИНК.