„Позади филтерот: Стереотипите и сликата за телото“ – работилница за млади

„Како се чувствувате во своето тело? Како општествените норми и стереотипите влијаат на вашата самодовербата и сликата за себе? Како телото е поврзано со идентитетот?“ прашуваат организаторките на работилницата насловена „Позади филтерот: Стереотипите и сликата за телото“ која ќе се одржи во четврток (13 јуни) во скопската европска куќа (Europe House Skopje).

„Преку методи основани на неформалното образование, работилницата ќе отвори теми поврзани со телото и сликата за себе со цел да понуди безбеден простор на младите да истражуваат прашања и теми поврзани со телото, да придонесе за нивната добросостојба и позитивно да влијае на нивното ментално здравје“, се вели во описот.

Работилницата ќе ја водат Наташа Ивановска, психолог и Гешталт психотерапевт, Ана Тодоровска, психолог и практичар на Експресивна Арт Терапија, и Татјана Поваринцева, тренер за личен развој. Таа е наменета за млади од 18 до 25 години, а ќе се одржи од 17 до 20 часот.

За учество треба да се пополни овој формулар.

Работилница се реализира со поддршка на проектот BODYkind – меѓународен партнерски проект во рамки на ERASMUS + програмата за млади, под водство на латвиската организација Piepildīto sap yu istaba и во партнерство на чешката организација Mission: Reconnect и Вретено Скопје.