Повик за учество на три работилници на „Станица:Студентска 4.0.“

„Станица:Студентска 4.0.“ објави повик за учество на три работилници кои ќе се оддржат во склоп на целодневниот  студентскиот настан кој ќе се одржи на 30 март, во Јавна соба. Имено, посетителите покрај дел од предавањата, ќе можат да се пријават и за учество во три работилници.


Работилница за индустриски дизајн

Концептот на работилницата опфаќа кусо предавање за индустрискиот дизајн, на кое ќе бидат објаснети основите и теоретската позадина на оваа наука. Учесниците преку практична работа ќе се обидат да изработат продукт од различни материјали. Прото типовите на продуктите ќе треба да соодејствуваат на потребите на студентите во студентските домови. Во текот на работилницата, учесниците ќе бидат менторирани од двајца фасилитатори. Не е задолжително учесниците да имаат претходни познавања од областа на индустрискиот дизајн, и се добредојдени и студенти и млади со други предзнаења.

Пријавувањето на тимови е на следниот линк , a на индивидуалци е на овој линк.

 

Мини ЕВЕС со БЕСТ

На сите оние кои го пропуѓтија локалното издание на најголемото европско инженерско натпреварување, им се дава втора шанса со повикот Мини ЕВЕС со БЕСТ, со Team Design задача. Повикот е отворен за сите креативци, дизајнери и пронаоѓачи. Целта е да се пронајде креативно решение на некој проблем и да се демонстрираат резултатите во ограничен временски период на време. За учетво се потребни тимови од четворица членови кои ќе можат да победат со презентацијата на својот уред

Пријавувањето на оваа работилница е на следниот линк.

 

Радио МОФ веќе го објави повикот и за медиумската работилница.

Традиционално и оваа година на “Станица: Студентска 4.0“ Радио МОФ спроведува работилница за студенти-новинари. На работилницата, учесниците ќе творат содржини за студентски тематики, ќе прават интервјуа со претставниците на студентските организации, со претставници на академската заедница и ќе создаваат текстови кои подоцна ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „Станица: Студентска 4.0.“. Студентите ќе бидат менторирани од новинар од Радио МОФ. Учеството е бесплатно, а студентите не мора да имаат претходно искуство во пишување објави и новинарски натписи.

Пријавувањето е на следниот линк.

Станица:Студентска е настан кој има за цел промовирање на активностите на студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и дејствување. Настанот е можност за студентите да ги споделат своите знаења со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области. Исто, студентите ќе можат директно да се запознаат со студентските организации, како и да се зачленат во некоја организација.

Покрај работилниците, посетителите ќе можат да проследат десетина предавања, изложба за јавни набавки на УКИМ, изложба со фотографии од студентски протести и иницијативи, како и голем саем на студентски организации.