Станица студентска: Повик за учесници на здружена студентска редакција

Радио МОФ и годинава организира здружена работилница по новинарство која ќе се одржи во состав на настанот „Станица студентска“, на 30 март, во Јавна соба.

Работилницата ќе функционира од 12 до 18 часот и ќе претставува редакција за млади новинари кои под уредништвото и менторството на новинари од Радио МОФ ќе пишуваат за активностите кои ќе се одвиваат на „Станица студентска“.

Целта на работилницата е сите учесниците низ практичната теренска работа да ги подобрат своите новинарски вештини. Повикот за учество на работилниците е отворен за оние што сакаат да го збогатат своето новинарско искуство и знаења, но и да се инспирираат и да научат повеќе од искусни новинари.

Работилницата не е наменета само за студенти по новинарство туку и за млади без новинарско искуство кои сакаат да пишуваат и истражуваат.

Работен јазик за работилницата е македонски. Сите заинтересирани за учество, треба да се пријават со пополнување на апликацијата подолу, најдоцна до понеделник, 28 март.

Текстовите кои ќе бидат изработени во текот на работилницата ќе бидат објавени во посебна секција на Радио МОФ посветена на „Станица студентска“.