Повик за учество на работилница за бизнис модели

Во рамките на Наградата за социјално претприемништво, предвидено е спроведување на серија работилници кои имаат за цел да им помогнат на студентите во формирање и развивање на сопствената идеја за социјален бизнис.

Првата работилница на тема бизнис модели ќе се случи на 18.02.2016 (четврток) година во Хаб Скопје, со почеток во 12 часот.

Работилницата за бизнис модели е прилика за учесниците да се запознаат со различни видови на иновативни бизнис модели коишто може да се применат во социјалното претприемништво. Истовремено, во рамките на оваа работилница, учесниците имаат можност да го аплицираат своето веќе стекнато знаење и понатаму да ја развиваат својата идеја.

Работилницата ќе биде спроведена од Јакоб Детеринг, координатор на наградата за социјално претприемништво на ниво на Европа, Марија Матовска, координаторка на наградата во Македонија и Андријана Тасевска, организациски развој, UNNIX, Скопје.

Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност, исто така, да ја слушнат приказната на Јакоб за развојот на неговиот личен социјален бизнис во Романија. Работилницата ќе биде на англиски јазик.

Со оглед на тоа дека местата се ограничени, оние кои сакаат да учествуваат на работилницата треба да се пријават тука.