Повик за музички артисти за Скопски маратон 2023

Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во Северна Македонија и Скопски маратон отвора повик за музички бендови, диџеи и музичари за настап на Скопскиот маратон. Музичката програма ќе биде дел од иницијативата „Трчај за бегалците“, која го поддржува Скопскиот маратон што ќе се одржи на 1 октомври 2023 година.

„Во моменти на физичка исцрпеност, потребно е некој да ја одржува позитивната атмосфера и да ги забавува сите учесници, испраќајќи порака дека секој може да им помогне на свој начин на другите во општеството. Под мотото ‘Трчај за бегалците’ пријави се да ја подигнеш свеста за потребата за солидарност, поддршка и интеграција на бегалците“, стои во повикот.

Начин на пријавување: Сите заинтересирани музички бендови, диџеи и музичари од сите жанрови, може да се пријават со испраќање на информации за музичарите и примерок (линк) од својата работа на orce_nikolovski@mof.org.mk со назнака „Музичка програма за Скопски маратон“.

Заинтересираните може да аплицираат најдоцна до 24.09.2023 (недела) до 23:59 часот.

„Ние како организатори, ќе ја обезбедиме потребната опрема и други потреби кои ќе ги наведете во мејлот. Секој член на музичкиот бенд, односно диџеј или музичар, ќе биде исплатен со 2.000 (две илјади) денари, како симболична сума за ангажманот“, велат од МОФ.

Планираниот ангажман на музичките артисти ќе биде од 15 минути до 1 час, во зависност од музичкиот репертоар на артистите.

Предност при селекција ќе биде дадена на млади музички артисти, музички артисти кои имаат своја авторска содржина и кои имаат претходно искуство во настапување пред публика.

Инаку, иницијативата „Трчај за бегалците“ се организира 6-та година по ред. Оваа активност е дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за
лицата под мандатот на УНХЦР“.

За сите дополнителни информации и прашања, заинтересираните можат да се обратат на Орце Николовски, на orce_nikolovski@mof.org.mk или на 078 421 564.