Повик за летен еколошки камп и работилница за правање куќа со земја

Непрофитната организација „Еколошко село Блаженство“ од 14 до 21 јуни ќе одржи работилница за градба со земја.

„Сакате да стекнете вештини сами да си направите куќа со земја без помош на технологија? И ако сакате да почувствувате како живееле нашите предци, а воедно и сами да се проверите дали можете да живеете без благодетите на технологијата некое време -повелете. Работилницата ќе се состои од практична работа, односно изградба на една ‘earth bag dome’ куќа во рурална средина“, стои во повикот за работилницата на „Блаженство“.

Работилницата ќе има и предавања за други видови на природна градба, за изградба на куќа само од земја или коб куќа, предавање за екологија…

„Сместувањето е во веќе постоечката куќа од земја и во шатори кој сака може да си донесе да си постави. Храната е заедничка или на база на шер делење“, стои во најавата за работилницата и кампот.

Препорачана донација за работилницата или еко кампот е 20 евра, за цел камп. Повеќе информации во ФБ инбокс или на телефонот 079/312-008 на Димче Ацков.

Инаку, Радио МОФ веќе пишуваше за еколошката куќа на Димче Ацков, кој работеше на неа без механизација, користејќи единствено природни материјали. Куќата во форма на купола се наоѓа во близина на велешкото Долно Оризари.

Со живеењето во еко куќа го менуваш начинот на живот – македонски примери се спротивставуваат на скептицизмот