Повик на ХЕРА за викенд-обука по сеопфатно сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објави повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката се состои од дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.

По поминувањето на обуката, учесниците ќе можат да му се приклучат на тимот на волонтери ХЕРАмлади или, пак, на друг начин да се вклучат во работата на ХЕРА.

Обуката ќе се одржи на 29 и 30 јули 2023 година од 10 до 16 часот во Скопје. За точната локација учесниците ќе бидат дополнително известени. Оние учесници кои ќе ги поминат сите седум компоненти на обуката ќе добијат сертификат.

Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Од ХЕРА покануваат да се пријават сите млади кои:

  • Се на возраст од 16 до 22 години;
  • Сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права;
  • Се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА;
  • Сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.*Бројот на учесници е ограничен.

Најдоцна до 27 јули 2023 година (четврток) заинтересираните треба да испратат пополнета апликација за присуство на врсничката едукација на matej.popduchev@hera.org.mk, со назнака на пораката Повик за обука од областа на ССО.