Повеќе од сто лица уапсени по протест во Москва

Руската полиција пред два дена уапсила повеќе од 100 луѓе после неодобрените протести во Москва против уставните промени, пренесува српски „Данас“.

Невладината организација „ОВД-инфо“ наведе дека се уапсени 103 лица. Репортери на „Франс прес“ пак, виделе како полицијата апси демонстранти и новинари во центарот на Москва по протест на плоштадот „Пушкин“.

Протестот се одржа поради уставните промени кои неодамна беа усвоени на повеќедневниот референдум, со гласовите на 78% од излезените избирачи.

Промените на Уставот му овозможија на претседателот Владимир Путин да се кандидира за уште два мандати како шеф на државата, со што, тој би можел да остане на таа функција до 2036 година.

Руската новинска агенција „Тас“ исто така јави дека биле уапсени повеќе од 100 луѓе, повикувајќи се на извори од полицијата.