Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Поради подготовки и одржување митинг, денеска (3 април) и утре (4 април) во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што бул. ‘Илинден’, потегот од мост Гоце Делчев до бул. ‘Климент Охридски’ и од бул. ‘Климент Охридски’ до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци. Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје“, соопштија од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полицајците по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.