Пораките на Карима Мансур и Гордана Деан Попхристова за Светскиот ден на танцот

Авторка на светската порака по повод денот на танцот (29 април) е египетската танчерка, кореограф и едукатор Карима Мансур (Каиро, Египет), а на македонската порака Гордана Деан Попхристова (едукатор, кореограф, танчер – Еквадор/Македонија), соопштија од Македонскиот центар на ИТИ.

Пораките ги пренесуваме во продолжение:

Карима Мансур за Меѓународниот ден на танцот 2019

На почетокот беше движењето … од почетокот на времето, танцот значи силна експресија и славење. Од пронајдените сликарски артефакти за танцот на муралите од времето на египетските фараони па се до инспиративните креатори на танцот денес. Танцувањето користело за да евоцира на многуте богови и божици на танцот со се`што тие претставувале, како и з 2 / 2 pages Следејќи го ритамот на нашите срца, можеме да го танцуваме танцот на животот, кој изискува движења, агилност и адаптирање, константни кореографски пресврти. На овој ден и во ова време во кое поврзувањето и конекциите завземаа ново значење – време во кое сите сме на најниската точка на неспособност да се поврземе … Танцот останува и понатаму да биде посакувана активност која ни помага да ја ре-етаблираме таа изгубена поврзаност.

Танцот не носи назад кон нашите извори, во културна смисла но истовремено претставува најбрз сензор – личен, индивидуален, до с`ржта и срцето; така танцот успева да не одржи да бидеме општествени животни. Кога сме поврзани со самите нас кога го наслушнуваме внатрешниот ритам, тогаш навистина успеваме да воспоставиме конекција со другите и да комуницираме. Танцот е таму каде што културата се споделува и границите паѓаат во просторот на инклузивноста и сплотувањето, преку неизречениот јазик на универзалноста. Телото е инструмент на изразувањето, вазна на нашиот глас, нашите мисли, нашите чувства, нашата историја, нашето битие на постоењето, нашето копнеење за изразување и поврзување кои се манифестираат преку движењето. Танцот е простор кој овозможува поврзување со сопствената вистина, за тоа е потребен е тивок простор.

Танцот ни овозможува да се поврземе и да ја почувствуваме целината а тоа е токму тоа чувство во кое наоѓаме мир и со мирот надоаѓа тишината и низ тишината ние наслушнуваме, слушаме, зборуваме низ спокојот преку кој учиме да ги танцуваме нашите вистини и токму така танцот станува постојан. Во движењето и танцот ние можеме да се поместуваме од вертикала кон хоризонтала, од горе кон долу и обратно. Движењето и танцот се простор каде што може да се создаде хаос и истиот повторно да се организира или пак не. Танцот е оние моменти кои не допираат и остануваат длабоко во нашата меморија, за да не инспирираат нас и другите за живот. Тој е моќта на вистинската експресија и токму тоа е моќта на танцот. Танцот е исцелување. Танцот е простор во кој се среќава човештвото.

Ги повикувам луѓето да зачекорат преку границите, преку кризата на идентитетите, да се издигнат над национализмот и рамките на ограничувањата. Би можеле ли да се ослободиме од сите ограничувања и да го пронајдеме движењето и моментумот на тој универзален јазик. Ги поканувам сите да танцуваат следејќи го сопственото отчукување 3 / 2 pages на срцето, следејќи ја сопствената внатрешна вистина, бидејќи танцот произлегува од овие внатрешни движења, тие не водат кон правата внатрешна револуција, каде што вистинските промени се случуваат.

Гордана Деан Попхристова за Меѓународниот ден на танцот

Целото наше постоење е една голема игра – танцот на Лилит, играњето улоги, движењето на енергиите, играта на Шива што создава и разорува. Светот не е секогаш прекрасно место за живеење, но светот на танцот е секогаш прекрасен. Танцот е оаза за танчерот, кореографот, и за гледачот кој е жеден за слобода, радост и безвременост. Кој танцува зло не мисли-има вистина во оваа парафраза од изрека.

Невозможно е да се планира војна додека се танцува, замислете кога сите војници на светот би танцувале, би заборавиле на деструкција и би копнееле по музика. Кога политичарите би танцувале, би ги преплетувале рацете за да ја разубават политичката кореографија, за да го слават единството, а не поделбата на луѓето и светот. Кога работниците би танцувале, со насмевка би оделе на работа. Кога младите би танцувале со старите, тоа би ги кревало старите од постела, за да не бидат осамени. Секое дете знае да танцува. Децата танцуваат спонтано и раздрагано и кога светот на возрасните ќе се вмеша со барања и ригидност, детето ја губи спонтаноста.

Ние танчерите, низ долготраен процес на повторно осознавање и ослободување на телото учиме како да ја вратиме спонтаноста на детето и да ја споделиме со човештвото. Се ` е танц, севкупниот живот како да танцува, дури пластичната кеса која потскокнува на ветрот танцува, танцуваат грмушките во пустината додека се движат бесшумно, птиците што блескаат од рефлексија на капките вода од брановите на океанот, големи камења кога се одронуваат од карпите – танцуваат разорувачки танц на природата; планетите танцуваат околу сонцето, сонцата во галаксиите, галаксиите во мултиверзумот на вечноста. Колку сме големи и мали ние танчерите. Но и кога сме мали носиме голема радост и тоа ни е награда, ракоплескањето е милозвучно, ритмичка игра на дланките што слават креација и создаваат креација.

Уметноста е света. Танцот ги зборува сите јазици. Танчерот го разбираат и на крајот на светот, јазикот на танцот е примарен, остварува непосреден контакт со реалниот дуален свет во кој не постојат објекти. Танчерот и светот се едно, а сцената, било да е во театар или на врвот на Хималаите – е нашиот дом! Да живее танцот, да живее уметноста! (Напишано во Еквадор, Јужна Америка 2019).

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.