Поради снимање филм утре ќе биде затворен стариот пат Охрид – Струга

Стариот патен правец од Охрид кон Струга  утре ќе биде затворен за сообраќај од 6 до 15 часот поради  снимање на сцени за играниот филм „Преекспонирано“ во продукција на „ДНФ Филмс“.

Филмот кој е психолошка драма, а воедно претставува и долгометражно деби на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова. Поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Почнува снимањето на долгометражниот македонски филм „Преекспонирано“

Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.