Половина од светските глечери се очекува да исчезнат до 2100 година, покажува студија

Половина од глечерите на Земјата, особено помалите, се предодредени да исчезнат до крајот на овој век поради климатските промени, но ограничувањето на глобалното затоплување би можело да спаси други, според една нова студија, јавува „Франс 24“.

Наодите, објавени вчера во списанието „Science“ даваат најсеопфатен поглед досега на иднината на 215.000 глечери во светот.

Авторите ја нагласија важноста од ограничување на емисиите на стакленички гасови за да се ограничат последиците од топењето на глечерите, како што се зголемувањето на нивото на морето и исцрпувањето на водните ресурси.

За да им помогне да се ориентираат на креаторите на политиките, студијата го разгледа влијанието на четири сценарија врз глечерите, каде што средната глобална промена на температурата е 1.5 Целзиусови степени, 2 и 3 степени.

„Секое зголемување на степените произведува повеќе топење и загуба. Но, тоа исто така значи дека ако го намалите зголемувањето на температурата, можете да ја намалите и загубата на маса. Значи, во таа смисла, има и малку надеж“, рече Реџин Хок од Универзитетот во Осло и Универзитетот во Алјаска Фербенкс, коавтор на студијата.

Дури и ако порастот на глобалната температура е ограничен на 1.5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа, најамбициозната цел на Парискиот договор, истражувачите процениле дека 49 отсто од глечерите во светот ќе исчезнат до 2100 година. Тоа би претставувало околу 26 отсто од светската глечерска маса бидејќи најмалите глечери би биле оние кои први ќе бидат погодени.

Глобалната средна температура во моментов се проценува дека се зголемува за 2.7 степени Целзиусови, што би резултирало со речиси целосно губење на глечерите во Централна Европа, Западна Канада и континенталните Соединетите Американски Држави и Нов Зеланд.