Полицајците добија заштитни маски од загадувањето

Македонскиот полициски синдикат со цел да ги заштити своите колеги од зголеменото загадување денеска подели над 3000 заштитни маски, соопшти Претседателот на синдикатот, Тихомир Климоски.

Полицајците добија заштитни маски од загадувањето

Маските ќе бидат наменети за најекспонираните работни позиции во градот и во полициските станици на Скопје.

Скопје и ова утро се гуши во смог. Слична е состојбата и во Тетово, а загадувањето на воздухот останува високо во Кичево, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина. За Битола, која исто така се бори со овој проблем, утрово немаше податоци.