Полицискиот час останува на сила до 1 јуни

Полицискиот час, односно забраната за движење која почнува на полноќ и трае се до 4 часот наутро, е продолжена до 1 јуни, одлучи Владата на Република Северна Македонија на денешната 71-ва седница.

Со ова, отворените делови на угостителските објекти, како и досега, до 1 јуни ќе смеат да работат до 23 часот и 30 минути.

Министерството за здравство денеска информираше дека бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.270 лица.

Вкупната бројка пак, на лица дијагностицирани со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.804 лица, бројката на здравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232.