Полициски час од утре во 22 до 5 часот наутро две недели, одлучи Владата

Од утре, 10 март во 22 часот започнува полициски час кој ќе трае до 5 часот наутро, во следните две недели, односно, до 22 март, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

„Дополнително се донесени ограничувања за задолжителен домашен карантин на наши граѓани кои што се враќаат од афричкиот континент, и донесена е одлука и задолжен е генералниот секретаријат да обезбеди објект, за државен карантин за странци кои што доаѓаат од афричкиот континент. Овие две одлуки се за влез во државата од страна на домашни патници или странци кои што се враќаат од афричкиот континент овде, заради африканскиот сој и непознаницата поврзана со него“, додаде Заев.

Истовремено тој апелираше максимално да се почитуваат одлуките и најави дека ќе следуваат засилени контроли од страна на Министерството за внатрешни работи и надлежните инспекциски служби, поради тоа што, како што рече, „очигледно граѓаните се опуштија во делот на почитувањето на мерките за лична заштита.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, предложи на Главниот координативен кризен штаб на Владата да се воведе полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, на територијата на целата држава.

Бројот на нови случаи во земјава во последните неколку денови е во пораст, а бројот на активни случаи сега изнесува 8.863,

Комисијата за заразни болести предлoжи воведување полициски час од 22 до 5 часот наутро