[Подкаст] Пандемија на онлајн дезинформации

Како што постои вирус, постојат и супер ширачи на вирусот. Но, овде не станува збор директно за новиот коронавирус, туку за дезинформациите кои произлегуваат од неговата појава. Тие најчесто доаѓаат од корисници со голем број следбеници кои свесно или не, споделуваат дезинформации и го шират „вирусот наоколу“.

На тема како граѓаните да изградат имунитет против онлајн дезинформациите и постои ли лек против нив, зборувавме со студентката по новинарство Александра Субашиќ, Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис и Слободан Јаќоски од „Википедија на македонски јазик“.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.