[Подкаст] Наместо образовна размена во странство, испрашувања во емиграциски центар – приказната на младата Елена

Училиштата ширум светот повеќе од една година се празни или пак бараат начини како да се приспособат на пандемијата. Учениците не го доживуваат докрај средношколското искуство, туку само дел од него. Но, образовните размени низ Европа не застанаа.

По повод 9 мај – Денот на Европа, разговаравме со средношколката Елена Николовска од Прилеп која минатата година требаше да оди на образовна размена во Холандија, но заврши во емиграциски центар.

Во продолжение проследете го необичното искуство на младата Елена, за тоа со какви предизвици се соочи за време на размената, но и за тоа каква порака испраќа до нејзините врсниците.

Подкастот го подготвија Ивана Смилевска и Мартин Колоски.