[Подкаст] Мегафон: Од Фејсбук до протест на улица – Младите и активизмот

Колку граѓанскиот и политички активизам е важен за младите? Не премногу, покажува новата Студија за млади која ја објави Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Оваа ситуација, сепак, не е проблем само кај младите од Северна Македонија, туку генерално во целата Југоисточна Европа. За младите на возраст помеѓу 15 до 29 години активизмот е двојно помалку важна вредност отколку конзумеристичките вредности и личниот успех.

Во оваа епизода на Мегафон зборуваме за тоа како да се поттикне поголем граѓански активизам кај младите, но и за тоа како активизмот се менува во ерата на социјалните мрежи. Пренесуваме и неколку примери од земјава и регионот на млади кои успешно ги користат демократските алатки за да го менуваат светот околу себе.

Новиот подкаст слушнете го на плејерот во продолжение: