[Подкаст] Мегафон: Активисти во борба против „розовиот данок“

Во светот 28 мај се одбележува како ден на менструална хигиена, и овој ден служи како потсетник за подигнување на свеста и преземање акција до 2030 година секој да може да си дозволи производи за одржување менструална хигиена.

Во Македонија иницијатива за обезбедување на бесплатни производи за менструална хигиена забележавме во 2021 година кога Советот на Град Скопје донесе одлука за издвојување средства за бесплатни производи во средните училишта кои се наоѓаат на територијата на Градот. Сепак, средношколките не го добија ова право во годината што следуваше, учебната 2022/23. Премиерот Димитар Ковачевски во декември лани најави намалување на т.н „Розов данок“ од 15% на 8% за сите менструални производи, но и натаму не се знае како оваа одлука ќе се имплементира и кога ќе биде тоа, па ситуацијата со менструалната сиромаштија како да цупка во место.

Со Јана Коцевска, извршна директорка на Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк“. кое заедно со иницијативата „ПЕРИОД.Скопје“ денес (31 мај) ја организира конференцијата „Кршење на табуата: Менструална правда за сите“ во новата епизода на Мегафон разговараме за резултатите од нивното истражување „Менструална правда“ за менструалната сиромаштија и за тоа што треба да се направи за конечна промена на состојбата.

Ангела Бошкоска