[Подкаст] Кристина Атовска: Мит е дека военото известување е машка професија, во војна има многу новинарки

Кристина Атовска е единствената новинарка од Македонија што го посети военото жариште во Украина. Нејзиниот тримесечен престој како воен известувач од таму ја врати назад полна со различни приказни за тоа како може и како се преживува во војна, за суровоста, но и за добрината на човекот кој е способен да помогне и на најнеочекуван начин, во сосем невозможни услови.

Во сето тоа треба, таа треба да внимава на својот живот, а истовремено да известува за прилозите што подоцна сама ги монтира и ги сработува во медиумски продукти. Со неа разговараме за предизвиците и искуствата кои ги има воен известувач додека е на терен, соработката со колегите таму, разните приказни од кои била дел, а денес се дел од неа, и за тоа што сѐ е потребно за еден новинар да ги преживее првите бомби, соочувања со војници и жртви на конфликтот.

На прашањето дали има разлика меѓу воени репортери и репортерки таа вели дека разликата се чувствува кога треба некаде да се преноќи или да се патува со превоз, но новинарската работа е иста за сите.

„Ако некој прави линковско вклучување од терен, ако падне бомба или ракета тука сите ќе бидат исто погодени. Така што, во тој контекст и нема некоја разлика. Навистина можев да забележам огромен број жени новинарки на терен“, вели Атовска.

Погледнете повеќе во видеото.

Подкастот е изработен во соработка со Форумот ЗФД.