[Подкаст] „Digislavia“: Да се бавиш со уметност на Балкан е активизам само по себе

Digislavia“ е дигитална галерија на која може да се откријат  уметници од Балканот, но и пошироко.   Основана е од Марко Аврамовски, кој поттикнат од немањето на физички галерии каде младите уметници ќе може да ги изложуваат своите дела, решава да отвори своја дигитална галерија.

Секоја недела на „Digislavia“ се објавува по еден уметник кој има можност да го води профилот седум дена. За разлика од физичките галерии, уметниците не се избираат, туку претходно само треба да се пријават дека сакаат да ја искористат платформата што ја нуди „Digislavia“.

Радио МОФ разговараше со Аврамоски за андерграунд балканската култура, уметноста и активизмот, потребата за соработка помеѓу младите уметници и можностите кои ги нуди интернетот.

Во првиот круг на пријавени уметници, објавени се 50 млади од земјава и Балканот, а дел од уметничките дела погледнете ги во продолжение.

Лазар Зафировски

Едина Муфтиќ

Бор Урх

 

Матеја Николиќ

 

Т* Митровска

 

Стефан Стојановски

 

И.С.