Почина актерот Роби Колтрејн, ѕвездата од „Хари Потер“

На 72 години почина шкотскиот актер и комичар Роби Колтрејн чија актерска кариера се движеше меѓу улоги во франшизата „Џејмс Бонд“, филмот „Крекер“ па се до серијалот „Хари Потер“, пренесува „Гардијан“.

Веста за смртта ја потврдил неговиот агент.

Колтрејн е роден на 30 март, 1950 година. Прво се школувал во независното интернатско училиште „Гленалмонд Колеџ“, а потоа се прфрлил на студии по сликарство во Глазгов. Неговата желба за сликарска уметност ја надминала желбата за изведување перформанси, по што започнал да глуми во радикални театарски компании и да прави стендап настапи под псевдонимот Колтрејн што го „позајмил“ од славниот џез музичар Џон Колтрејн.

Неговото прво појавување на екраните беше во епизодата „Ватерло зајдисонце“ на телевизискиот серијал „Претстава за денес“, а потоа имаше кратки улоги и во „Флеш Гордон“, „Дали вe служат“ и други. Освен тоа во текот на кариерата свои улоги имал и во филмовите „Порака во шише“, „Океанската дванаесетка“, „Светот не е доволен“, ТВ-сериите „Алиса во земјата на чудата“, „Груфалото“, „Сабота во живо“ и многу други. Неговиот впечатлив изглед му помогна брзо да биде препознае и да се истакнува меѓу другите актери.

Пред да започне снимањето за серијалот филмови „Хари Потер“, неговите деца го убедувале да ја прифати улогата, по што Колтрејн доби популарност и кај новата, помлада генерација на публика. Тој прв пат се појавува во првиот дел „Хари Потер и каменот на мудроста“ каде игра улогата на Рубиус Хагрид.

Колтрејн е добитник на 8 награди за најдобар актер го главна и споредна улога меѓу кои и признанието за „Извонреден придонес“ од британската академија за филмска и телевизиска уметност во Шкотска.