По реакциите во јавноста, „Лајка“ ќе ја презентира програмата за работа денеска во 18 часот

Во салата на Советот на Град Скопје вечерва ќе се одржи презентација и дискусија за програмата за работа на ЈП „Лајка“.

„Изминативе денови во јавноста се изнесоа голем број дезинформации и невистини во врска со програмата. Ве повикуваме во вторник во 18 часот на аргументирана дебата со конструктивни предлози за програмата на ЈП „Лајка“, информираат од Град Скопје.

Претходно, здруженијата реагираа на спорни и неприфатливи точки во програмата, за кои побараа итно да се исфрлат и сменат.

Резерват за трајна дислокација на кучиња, бројни и скапи тестрирања за кучињата несвојствени и за многу побогати државиправна и материјална одговорност од хуманите граѓани кои со сопствени ресурси се грижат и помагаат на заедницата за бездомните кучиња  и ловење на кучиња исклучиво во саати кога речиси сите спијат и никој не гледа – се дел точките на кои реагираат од Здружението за права на животните „Анима Мунди“.

Ловење кучиња кога никој не гледа и воведување сомнителни „резервати“ – Анима Мунди за Програмата за работа на „Лајка“