Pluto’s Doubts се победници на Лузер Фест 2015

Pluto’s Doubts се победници на годинешниот Лузер Фест, објавија по пребројувањето на гласовите од публиката и од жирито организаторите на настанот, Пасворд продукција.

Новите победници добиваат снимање и објавување на албум, снимање на видео спот, а заедно со второпласираниот и третопласираниот бенд ќе бидат понудени за настап на големите европски фестивали Егзит, Сигет, Похода и Шпанцирфест, кои по свој избор ќе поканат еден од овие бендови да настапат на нивните следни изданија во 2016 година.

Конечната ранг-листа на „Лузер Фест“ изгледа вака:

1. PLUTO’S DOUBTS
2. METANOIA
3. GARGOYLES
4. KEPURDHAT
5. BROOKA BAND
6. PRESEN ZRAK
7. ASTEROID
8. VIZIJA
9. PULS EKIPA
10. EX-YOU

Првиот настан од придружната програматаконференцијата Пин , со која беше отворен Таксират, во саботата вечер беше свечено затворена со одржувањето на годинашното издание на возобновениот Лузер Фест. Само во музичката програма на Пин конференцијата, која се одвиваше два дена, публиката имаше ретка прилика да ужива во извонредните настапи на повеќе од 40 одлични бендови, гости од Европа и од Македонија, како и со квалитетните настапи на десетте финалисти на Лузер Фест.