Плутон низ годините, од 1930 до денес

Вселенската сонда „Нови хоризонти“, која ја лансираше НАСА во 2006 година, успешно помина покрај Плутон и ја приведе при крај својата десетгодишна одисеја. Сондата стигна најблизу доесега до планетата , на оддалеченост од 12.500 километри и почна да праќа први податоци за неа.

НАСА објави интересен „гиф“ во кој ги покажува најдобрите слики од оваа планета направени по нејзиното откривање, вклучувајќи ја и првата снимка од „Lowell Observatory“ во далечната 1930 година. Гифот содржи серија фотографии низ годините, се до последните објавени деновиве од сондата „Нови хоризонти“.