Планинари ја исчистија Лешница и протестираа против изградба на мали хидроцентрали

Стотина планинари вчера учествуваа на акцијата „Чисто, како Лешница после нас“ во организација на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово.

Во еден од најубавите делови од Шар Планина, тие собраа поголема количина на отпад фрлена во изминатиот период од несовесни излетници.

Фото: Фејсбук/Чисто, како Лешница после нас

Но, преку акцијата планинарите го кренаа својот глас и против изградбата на малите хидроцентрали – една се гради токму на Лешница.

Тие побаа од надлежните итно да ја запрат изградбата на објектот за кој сметаат дека трајно ќе ги уништи Лешница и реката Пена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tomislav Trifunoski (@tomislavtrifunoski) on